fashionel

Мистичната убавина на црвенокосите девојки

Намали Зголеми Големина на фонт Принтај

Оваа сезона девојките со порцелански тен, пеги на лицето и природна црвенкаста нијанса на косата ќе бидат тотално тренди

Според новиот едиторијал во германскиот Вог, сезонава ќе биде во знакот на нови лица на модната сцена кои ќе понудат нешто сосема ново, интересно и пред се природно. Фотографот Грег Кадел и стилистката  Никол Кнелс направија интересен едиторијал според кој црвенокосите девојки одлично може да се вклопат во концептот во кој преовладуваат јаки бои во комбинација со интересни и откачени модни парчиња.