23 шармантни идеи за фотографирање на вашиот невестински фустан!

24 јули 2014

Веруваме дека и вие, како и сите останати девојки на светот, кога ќе го чуете зборот свадба, првото нешто што ви доаѓа на ум е тоа како ќе изгледа вашиот невестински фустан.

Токму поради тоа, сосема очекувано е најмногу време и подготовки да потрошите на пронаоѓањето на совршената венчаница.

Бидејќи истата ќе ја облечете само еднаш, дефинитивно мора да го извадите најдоброто од неа. Денеска ви нудиме вкупно 23 идеи за тоа како можете да се фотографирате со истата на денот на вашата венчавка, а фотографиите да бидат сѐ, само обични не!

Ако имате малку време да одвоите пред свадбата, заедно со вашиот фотограф и разгледајте ги следниве неколку фотографии за дополнителна инспирација за магични фотографии од вашата венчаница.

На следните неколку фотографии ќе видите неколку прекрасни моменти на невестата со младоженецот, со нејзините деверици, со бидермаерот, но и сама на кои венчаницата е во преден план како еден од најубавите моменти на свадбата.

Доколку се ближи вашата венчавка или пак на некоја од вашите пријателки, тогаш дефинитивно мора да ги погледнете следните фотографии!

Објавено:
24 јули 2014
Категорија: 
Бела соба