Ако наскоро правите свадба, а сè уште не сте се одлучиле какви чевли ќе носите, тогаш овој текст е задолжителен за вас.

Популарниот магазин Brides објави кои чевли се најпопуларни кај невестите оваа година и кои од нив девојките ги бараат најмногу низ продавниците.

Тие составија галерија од вкупно 30 чифта чевли кои се прекрасни, а во истата дефинитивно секој ќе го најде својот фаворит.

Иако изминатиов период невестите бараат нешто поинаку од класичните бели чевли, според магазинот токму ова е најбараната боја за годинава.

Со оглед на тоа што наскоро доаѓа малку постудено време, вистинси избор за шик невестите се кусите бели чизмички кои изгледаат совршено со некој тесен и долг фустан од тантела.

Подеднакво популарни се и чевлите во нежни бои изработени од велур, а секако и оние со ниска или сосема рамна потпетица за сите кои обожаваат рамни чевли.

За сите оние пак кои сакаат да остават впечаток на својата свадба, тука се сандалите во јака црвена боја на висока потпетица.

Во моментов се најактуелните летни попусти, па доколку сè уште не сте ги одбрале вашите омилени, сега е вистинското време за тоа, а инспирација ќе пронајдете во галеријата погоре.

Објавено:
31 јули 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
534 пати