Бланка Бојовиќ, дизајнерката која веќе долго време живее и работи во Лондон, пред речиси три години го основа брендот за луксузна лежерна и вечерна облека, „Adelais London“.

После две години дизајнирање екстравагантни наметки, ноќници и фустани, Бојовиќ се одлучи малку да го смени правецот и ја создаде најновата и воедно прва невестинска колекција, насловена како Adelais Bridal Classics collection, иделана пред сè за вљубеничките на минималистичкиот стил.

Инспирацијата ја наоѓа во Стариот Холивуд и Дивите актуелни во тоа време. Колекцијата се состои од седум парчиња, а секое од нив претставува различна ера.

Audrey

-Тие го враќаат духот на гламурот, луксузот, „класата“. Оделото „Бјанка“, туниката „Одри“ и фустанот „Софија“ се идеални за мали градски венчавки, за невести што сакаат да постигнат кул, односно шик изглед или како што се вели во модната индустрија, да изгледаат „дотерани без многу труд“ – објаснува дизајнерката.

Bianca

Sophia

Колекцијата се состои и од комбинацијата од две парчиња насловена „Лаура“ и фустанот „Ѕвездена прашина“, со модерен и минималистички предзнак. Нивната едноставност зрачи со елегација, успевајќи да го зачува романтичното и искрено чувство.

Laura

Stardust

-Оние што ќе се одлучат за големи, гламурозни венчавки, мојот предлог се фустаните „Татијана“ и „Харлоу“, со доза на драма и екстравагантност. Кројот е таков да соодветствува на секој тип облини – вели Бланка, додавајќи дека долгите здолништа со „шлеп“ уште повеќе придонесуваат за луксузниот ефект.

Tatyana

Harlow

Инаку, сите креации се изработени од фина свила, а дизајнерката потенцира дека постои можност за порачка на дополнителни везови или украси.

Во галеријата погоре, погледнете ги и останатите фотографии од фото-сесијата што ја следи колекцијата.

Објавено:
4 ноември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
983 пати