Аирлија свадба во Рамстор!

3 април 2015

Fotografija za PR

Од вчера, 02.04 започна најголемата свадбена кампања која досега организирана во нашата земја со наслов „Аирлија Свадба“. Претставници од „Рамстор Мол“ за месец април најавуваат голем број на свадбени случувања во рамки на трговскиот центар. Активностите започнаа од овој четврток кога идните брачни парови, поточно оние кои имаат закажано свадба во период од мај 2015 до мај 2016 година добиваат можност да се пријават со фотографија на Facebook профилот на Рамстор Мол и да се борат да ја освојат титулата ,,Најкул Пар“.https://apps.facebook.com/airlija-svadba

namalena

Петте двојки што ќе добијат најмногу лајкови ќе станат финалисти на големиот настан кој ќе се одржи во трговскиот центар Рамстор на 18.04, каде што специјално жири ќе ја одбере двојката што ќе добие подароци во вредност од 1200 евра.
Покрај изборот на Најкул пар, на големиот завршен настан ќе се одржи и модна ревија на венчаници, музичка забава, а организаторот најавува и вредни подароци за публиката на настанот -  патување во Истанбул. Во рамки на свадбените активности во Рамстор Мол ќе се одржи и  саем на компании кои нудат свадбени услуги, од 17.04 до 19.04.  Нека е Аирлија Свадбата!

 

Објавено:
3 април 2015
Категорија: 
Бела соба