Аирлија свадба во Рамстор: Селма и Ајхан добија ваучер од 1.200 евра!

20 април 2015

Викендов се случи финалето на најголемата свадбена кампања досега, во организација на трговскиот центар Рамстор, каде беше одбран и најкул парот што дома си замина со многу подароци.

Селма и Ајхан од Кичево беа среќната двојка што за нивната венчавка доби вредни подароци од Рамстор и партнерите на настанот.

Прекрасната Селма доби венчаница во која ќе се појави на најубавиот ден од нејзиниот живот, Ајхан доби костим, а не изостанаа ниту подаориците како бидермаер, предсвадбена фотосесија и шминка за невестата.

Покрај изборот на најкул пар, на големото финале на настанот, се одржа и модна ревија на венчаници, музичка забава, а беа доделени и вредни подароци за публиката на настанот, меѓу кои и патување во Истанбул.

Водител на настанот беше единствената Лила Стојановска која со нејзината харизма и шарм внесе неверојатна позитивна енергија. На настанот, таа се појави во долга црна тоалета од модната куќа Елена Лука со луксузни украси во делот кај градите.

Во рамки на оваа свадбена кампања, се одржа и саем на компании кои понудија интересна палета на свадбени услуги.

Нека е Аирлија Свадбата!

Објавено:
20 април 2015
Категорија: 
Бела соба