Ако наскоро сте невеста а немате идеја за фризура, решението го имате тука

2 јануари 2014

Иако во овој период помалку се прават вечнавки, зимата е одлична за да имате блескава и магична венчавка. Независно дали ќе бидете во улога на  невеста, кума, братучетка или тетка на венчавката, ние ви предлагаме колку фирзури од кои вашата убавина ќе прејде во прв план. Стегнатите фризури со многу препарат за зацврстување, надополнети со дијзадеми од циркони се тотално аут, затоа ви предлагаме неколку варијанти на фризури како за елегантен така и за романтичен бохо изглед.

Новите модели на дијадеми се одлична замена за оние со штрас. Едноставно собраната коса, украсена со некоја минималистичка дизајдема или венче е одлична за да изгледате уникатно и поразлично од останатите. Ваше е само да го изберете вистинскиот модел.

Нема ништо поромантично од опуштено собрана коса украсена со природни цветови. Фотографијата е доволна за да се уверите во нежноста и убавината на вака стилизираната коса за една невеста.

Романтични бранови во стилот на холивудските дами. Оваа фризура е безвременска, а периодов е се почесто применувана. Ваше е да го најдете вистинскиот професионалец за да ги направи.

Оваа класична фризура со плетенка во вид на пунџа одлично ќе се совпадне ако венчаницата ви е затворена во предниот дел кај деколтето и вратот.

Неуредно собраната фризура е одична доколку правите или присуствувате на  дневна венчавка. Секако, не е грашка ако ја направите и за вечерна. Опуштените фризури се многу помодерни од оние затегнатите со неприродни карици зацврстени со многу лак за коса.  Од таквата фризура за свеченост треба веднаш да се откажете, посебно ако сте невеста.

Високо кренатата плетенка не е често применувана од невестите, ако сакате да биде поразлина одберете да носите токму ваква. Излезете од клишеата и носете со вас уникатна енергија.

 

Објавено:
2 јануари 2014
Категорија: 
Бела соба