Асос создава колекција шик и достапни венчаници!

13 ноември 2015

Судејќи според „тизер“ фотографиите, Асос подготвува колекција венчаници што истовремено ќе бидат навистина прекрасни, но и многу достапни за сите идни невести.

Британската веб продавница најави дека многу наскоро ќе ја лансира колекцијата венчаници што ќе бидат навистина романтични и атрактивни, но и многу поевтини од понудата венчаници во Велика Британија.

Првата колекција венчаници на high street брендот ќе биде достапна од април 2016 – та година, а благодарение на британскиот Вог, можеме и да видиме како ќе изгледаат некои од моделите.

Во нивната понуда ќе има едноставни свилени, бели венчаници со широки, лелеави ракави, потоа модели со едноставен крој, но богати во предниот дел, а и многу секси со отворен грб, длабоко деколте и шлиц.

Објавено:
13 ноември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.173 пати