Балетенки за безгрижни стапала на венчавката

25 јуни 2013

Секоја невеста сонува да танцува на својата венчавка, но освен тоа, сите жени и девојки знаат колку тоа е тешко за изведба. Доколку сте избрале венчаница која ќе ги покрива вашите стапала и чевлите што сте ги избрале, бидете сигурни дека нема да погрешите ако високите потпетици ги замените со ниски балетанки. Покрај се, која невеста сака другите да се веселат а таа да трпи болка во нозете на својот ден. Кира Најтли е една од познатите личности која на својата венчавка носи балетанки наместо висока потпетица. Ние избравме 12 модели на балетанки и оксфордки во неколку бои,од класични до онакви што сигурно би одговарале на вкусот на секоја невеста.

Објавено:
25 јуни 2013
Категорија: 
Бела соба