Во последно време она што особено нѐ радува е тоа што идните невести имаат навистина креативни предлози околу своите фустани за најубавиот ден од животот.

Ако сакате да се издвоите од толпата и да одберете нешто навистина уникатно, тогаш креацијата на оваа девојка е вистинска инспирација.

„Не сакав да изгледам како лик од Дизни филмовите, сакав да изгледам како јас, во своето најдобро издание“, вели оваа невеста.

Имено, станува збор за есенска свадба без некои традиционални обележја, туку навистина уникатни детали. Без разлика на дождливото време, оваа двојка решила да се венча во природа, на отворено, пишува modamo.info.

Креацијата што ја носи девојката е со потпис на британскиот дизајнер Ричард Никола кој направил фантастичен свилен фустан, но одозгора го комбинирал со топла ролка од кашмир.

Покрај тоа што изгледа навистина стилски, истиот супер ѝ послужил на девојката на дождливото и студено време.

Во галеријата погледнете ги сите фотографии од нивната навистина бајковита свадба.

Објавено:
29 март 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.840 пати