Блескави венчаници што ги задоволуваат сите невестински вкусови

1 ноември 2014

Израелскиот дизајнер Тал Кахлон ќе ги изостри сите ваши сетила преку дизајнот од венчаниците што ги создава. Последниот едиторијал за најновата колекција е богата плејада на венчаници кои се модерни и уникатни во чиј фокус е богатата тантела, свилата и тулот. Големиот број фотографии кои ќе ги погледнете во продолжение, ќе ве инспирираат не само во избор на идеалниот фустан за Вас, туку и за тоа како може да позирате за фотографиите од свадбениот албум.

Инспирацијата од едиторијалот е  во ретро дух, додека како реквизт е искористен „олдтајмер“ автомобил. Дизајнерот Кахлон, свесен за сонот на девојките,  создал колекција што во однос на формата и кројот ги задоволува сите вкусови.

Моделите најчесто се корсетирани во предниот дел, тука се оние во А и сирена крој, кратки, таквите со долги ракави, отворен грб, па дури и модел со џебови. „Влезете“ во венчалната бајка и почнете да ја создавате идеалната слика за Вашиот Голем ден.

Објавено:
1 ноември 2014
Категорија: 
Бела соба