Нашиот омилен бренд Free People конечно има нова колекција венчаници, а како што очекувавме, тие се подобри од кога и да е.

Сите оние девојки на кои наскоро им се ближи венчавката, сега можат да изберат една од овие магични венчаници.

Сосема во нивни стил, тие прикажаа неколку бохо модели, кои се навистина уникатни и изгледаат магично. Дел од нивната колекција е неодолив комбинезон од тантела, бела блузичка во комбинација со нежно здолниште, но и бројни фустани со карнери и едноставни свилени долги тоалети.

Она што е супер е тоа што сите модели се направени од исклучително нежни и лесни материјали, како шифон, памук, свила и тантела кои се како создадени за летна венчавка.

Девојките особено ја обожуваат дводелната венчаница слична на онаа на Оливија Палермо, која е навистина уникатен избор за сите оние што сакаат да изгледаат поинаку.

Објавено:
3 февруари 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.047 пати