„The Bridal Fashion Night" на 6-ти февруари во Скопје Мериот хотел

25 јануари 2018

По шестти пат на 6 февруари, 2018 во „Скопје Мериот Xотел" идните невести ќе го одбираат совршениот фустан на ревии од затворен тип на „The Bridal Fashion Night" со почеток во 19 часот во организација на Моден викенд Скопје.

Вечерта која е комплетно посветена на свадбениот ден ќе ја отвори ревијата на „MCouture by Mila Kadriu" со колекцијата „Spring Bridal 2018".

Потоа ќе следува презентација на креациите од модната куќа „Менакон" од Косово чии колекции веќе редовно ги гледа домашната публика во Скопје а потоа ќе бидат прикажани моделите од ателјето „Ал Апарел" на Наташа Карчева под името на најновата колекција „Endless love".

Брендот за уникатен италијански накит „Sigma Jewelry", преку несекојдневен моден перформанс ќе ги претстави новите трендови за претстојната сезона.

За прв пат македонската публика ќе ги види моделите на ателјето „Зана" од Косово со колекција за пролет-лето 2018 година наречена „Something more".

Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу", која изработува несекојдневни фустани од свежо цвеќе, на овогодинешниот „The Bridal fashion night" ќе претстави нова уникатна креација.
Вечерта ќе ја затвори „Elizabet design studio".

„Македонските невести имаат се пософистициран вкус кога е во прашање венчалниот фустан, се посмели се во својот избор и ги следат светските трендови. Во ерата на социјалните медиуми и брзото живеење одлуката за вистинскиот модел најчесто е тежок избор и затоа со модните ревии сакаме да им олесниме. Освен фустанот, на настанот можат да ги најдат сите други неопходни нешта за организација на тој важен ден. ", велат организаторите.

Манекенките ќе ги разубавува официјалниот партнер за фризура „Revlon Professional". За шминката ќе се покрижи официјалниот партнер за убавина „Golden Rose Macedonia" во соработка со мејкап артистот Даниел Артевски. Чевлите кои ќе ги носат моделите на настанот доаѓаат од „Paolo Bocelli". Новиот легендарен мирис од „Орифлеим" POSSESS THE SECRET за Неа и за Него е официјалниот парфем на претстојниот „The Bridal Fashion Night". Нашите партнери за нега се „Dove - Derma Spa" -Нега заснована на дерматолошка експертиза за спа доживување.

„Пелистерка" традиционално официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина. Официјалното возило на овогодинешната ноќ на невести е „Porsche". „Moet" останува присутен во сите важни моменти во животот бидејќи Вашата свадбена прослава го заслужува најдобриот шампањ. Винарија „Vizba Valandovo Winery"- ексклузивен партнер за сите венчавки.

Слоганот на нашите слатки партнери е: Животот е посладок со Sunday! - Sunday висококвалитетни домашни колачиња и десерти.

„Ottimo handmade" – лептир машни и џебни марамчиња рачно произведени во Македонија на стилот му даваат уникатен печат.

Деталите разубавуваат, даваат печат препознатлив за Вас и затоа „Каталеја" е задолжена за детали што ќе ја разубават Вашата свадба. „Casamento" се задолжени за комплетно организирање на свадбениот ден.

Во склоп на настанот „Скопје Мериот Хотел" ќе организира коктел со почеток во 18 часот каде што сите идни невести и двојки ќе можат да дознаат се за организација на нивната свадба во хотелот. На коктелот покрај сите потребни информации, идните невести ќе имаат можност да добијат ваучери со попуст за свадба во „Скопје Мериот", како многу другу подароци за кој што ќе биде организирана лотарија.

Бројот на места за присуство на ревиите е ограничен и исклучиво со пријавување. Потенцијалните невести кои сакаат да бидат дел од настанот треба да пополнат апликација најдоцна до 1-ви февруари и да чекаат повратен одговор на нивната е-маил адреса. Потврдената апликација важи за две лица.
Пријавувањето се врши на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd0jhcaC8U_Z0I4ArbBAA_83fnh9uSzRXp2BQyNTSpHb0-
I3A/viewform

Објавено:
25 јануари 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
302 пати