Чевли со полни потпетици на свадба? - Зошто да не!

8 март 2014

Полните потпетици не се чест избор на чевли за свадба, барем не кај нашите невести. Високите потепитици се неприкосновено во врвот, а балетанките се најчесто избор за втората половина од вечерта.

Но, чевлите со полна потпетица ги содржат и двете важни компоненти - висината и удобноста. Овој избор на чевли е мудар доколку не сте голем љубител на трендовските вртоглаво високи потпетици, или пак со рамните не се чувствувате доволно елегантно.

Исто така, доколку на патот кон венчавката минувате кон нерамни површини, како калдрми или нерамни улици, па дури и ако вашата венчавка е на плажа, чевлите со полни потпетици се добри. Дали ќе се одлучите за обични, бели, во боја, со тантела, циркони или во комбинација со плута, изборот е ваш. Прилагодете ги на амбиентот, фустанот и секако вашиот вкус.

Сепак, најважно од се е тој ден вие да се чувствувате најубаво и ништо да не ви го попречува расположението.

Во продолжение погледнете различни модели на ваков тип чевли, можеби некои од нив ќе бидат токму изборот за вашата венчавка.

Објавено:
8 март 2014
Категорија: 
Бела соба