Чија венчаница носи Анастасија во третиот дел на „50 нијанси на сива“?

9 јануари 2018

 Уште речиси еден месец до премиерата на третото продолжение на „50 нијанси сива“, насловено како „50 нијанси ослободени“.

Секојдневно во медиумите се појавуваат нови информации околу крајот на трилогијата, со цел да привлечат уште поголема публика за остварувањето кое несомнено крена голема прашина.

Преку промотивните видеа веќе е познато дека во третиот дел ќе ја гледаме венчавката на Анастасија и Кристијан. Она што е нова информација е дека венчалниот фустан во филмот е дело на познатата дизајнерка Моник Луилие.

Фустанот е комплетно изработен од тантела, а има и вел од тул. Грбот е украсен со многу ситни копчиња, а креацијата во сирена-крој има и долг “шлеп“.

Моник е и креаторката на фустанот на Анастасија во кој таа се појавува на маскембалот од претходниот дел.

Информацијата ја потврди и дизајнерката и тоа преку својот Инстаграм профил.

 

Објавено:
9 јануари 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.568 пати