Црешовите цветови инспирација за колекцијата венчаници на Ели Сааб

28 април 2017

За својата трета колекција венчаници, либанскиот дизајнер Ели Сааб побара инспирација во романтичните црешови цветови, што ја диктираше целата естетика на оваа специјализирана линија.

Црешовите цветови како инспирација се имплементирани на различни начини, во форма на везови на здолништата, фустаните и корсетите, во рамки на веќе препознатливиот романтичен дизајн на брендот.

Покрај луксузните венчаници во традиционалните А кроеви, интересно е што оваа колекција нуди и неколку алтернативни модели на венчаници, за оние невести кои преферираат удобен покрај префинетиот и луксузен изглед.

Објавено:
28 април 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
601 пати