Дали би носеле невестински комбинезон наместо венчаница?

1 февруари 2014

Дека класичните венчаници не се секогаш најпосакувано решение,докажува и фактот што во J. Crew останаа без залиха од невестинските комбинезони. Алтернативната креација „Eyeslash Lace Jumpsuit“ е продадено во рекордно можно време од официјалната страна на модниот бренд, а сепак за ова парче сеуште постои голем интерес.

Покрај тоа што овој комбинезон ги заменува традиционалните венчаници, тој е практичен, изработен е од тантела за да се даде доза елегантна префинетост, на задниот дел по должината на грбот има машни, а покрај тоа што е идеално решение за свадба, може да се носи и за други прилики. Цената на свадбениот комбинезон е 750 долари.

Објавено:
1 февруари 2014
Категорија: 
Бела соба
Тагови: 
J.Crew комбинезон