Данскиот модел Ема Лет носеше огромна шапка на венчавката

7 јуни 2018

Прекрасната манекенка и ИТ девојка од Данска, Ема Лет неодамна се омажи на волшебна церемонија во можеби најинтересниот стајлинг што сме го виделе во последно време.

За големиот ден таа одбра фантастичен фустан од тантела кој е стар речиси сто години, чевли со точки од Баленсијага и секако, огромната шапка која предизвика огромен интерес на социјалните мрежи.

„Свадбата за мене е неверојатно приватна работа која ја правиме пред многу луѓе. Токму затоа ми требаше шапка со која ќе можам да се скријам и да покажам срдечност во исто време“, рече манекенката.

Она што е подеднакво романтично е приказната за неа и нејзиниот сопруг. Имено, тие се запознале кога биле сами во кино сала во која се прикажувал документарец за Rolling Stones, каде се случила љубов на прв поглед што резултирала со прекрасна венчавка.

Инаку, шапката која предизвика вистинска бура на Инстаграм е направена од младиот и ултра талентиран дизајнер Симон Порте Жакемус, кој го лансираше неговиот бренд кога имаше само 19 години, по што доживеа планетарен успех.

Извор и фото: Вог

Објавено:
7 јуни 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
746 пати