Девојки подгответе се: Ова се најубавите венчаници за есен 2015!

14 октомври 2014

Изминатиот викенд Њујорк беше целосно обоен во бело! Токму таму, во прекрасната сала Piers 94 на Менхетен од 11 – ти до 13 – ти се одржа New York International Bridal Week.

Дел од спектакуларното модно шоу беа некои од најпознатите дизајнери на венчаници на денешницата, меѓу кои и секогаш одличната Каролина Херера, брендот Темперли, Бедгли Мишка, но и некои други помалку познати дизајнери кои претставија подеднакво добри колекции за есен 2015 – та година.

pamella-roland

Родената њујорчанка и една од омилените дизајнерки на светските трендсетерки, по кој знае кој пат не почести со одлична и шармантна колекција прикажана во една сосема интимна атмосфера.

Венчаниците беа вистинско олицетворение на она што се нарекува романтизам, женственост, фантазија... буквално сѐ, склопено во едно неверојатно дело. Дизајнерката и овој пат прикажа фустани со многу тантела, рачно извезени детали, нежни транспарентни материјали и неверојатно впечатливи и урбани фризури кај невестите.

carolina-herrera

Своја колекција во рамки на њујоршката модна недела на венчаници претстави и добро познатата дизајнерка Памела Роланд, која преку нејзината презентација нѐ одведе во еден сосема поинаков раскошен и шармантен невестински свет. Највпечатливи во нејзината колекција дефинитивно беа фустаните со долги ракави украсени со Сваровски кристали и фасцинантна тантела и тул.

pamella-roland

На магичната модна недела на венчаници своја презентација имаше и Рита Виниерис која прикажа една сосема поинаква колекција со смирени ноти и интересни парчиња. Единствено таа претстави неколку поинакви фустани, односно дводелни комбинации составени од нешто налик спортска блуза (овојпат во тантелно издание) и слични панталони со додаден тул на задната страна.

Rita Vinieris

Секогаш романтичната кипарска дизајнерка која работи под името и брендот Christos, на пистата прикажа интересна колекција на венчаници почнувајќи од чиста бела, па сѐ до минт моменти кај некои од фустаните. Во есенската колекција на брендот буквално сите девојки можат да го пронајдат својот совршен фустан од соништата, почнувајќи од сосема едноставни со деколте, па сѐ до раскошни венчаници со многу тул во долниот дел и кристали и светки во горниот.

Christos

Како и секогаш, така и сега, одличното дуо Марк Бедгли и Џејмс Мишка претставија една поинаква, ретро колекција со примеси на стариот холивудски гламур и раскош. Во колекцијата доминираа претежно фустани без ракави со интересни форми и поинаков изглед од сето она останато што можевме да го видиме. Во неколку наврати, на пистата беа прикажани и фустани со куси ракави, на кои совршено им беа аплицирани раскошни детали во вид на впечатливи кристали и безброј светки!Badgley Mischka

Во продолжение во галеријата, погледнете ги најубавите фустани од годинешното издание на модната недела на венчаници во Њујорк за есен 2015.

Објавено:
14 октомври 2014
Категорија: 
Бела соба