Еден од омилените брендови за венчаници со седиште во Мадрид Делпозо, ги освои срцата на девојките ширум светот со своите креации кои иако на прв поглед изгледаат многу едноставно, тие се неверојатно шармантни и богати.

Ако детално го погледнете материјалот и рачно украсените детали како 3Д апликациите, кристалите, светките и бројните украси сошиени на свилата, тулот и муслинот, јасно е зошто венчаниците и фустаните на Делпозо се избор на многу дами.

Нивните венчаници се токму оние кои најмногу воодушевуваат со елеганцијата и модерниот дизајн. Играта со транспарентниот и тенок тул, наборите, рачно шиените украси, интересните изрази, панделките и ресите се само дел од додатоците што девојките ги обожуваат кај брендот.

Новата колекција на брендот е повторно навидум едноставна, но толку магична и уникатна што ќе посакате на себе да го имате секое едно парче.

Дизајнерите во истата сместија нежни венчаници со стилски, бели јаки, фустани во А – крој украсени со панделки од страните и впечатливи додатоци во пределот на вратот, потоа едноставни лежерни фустани со долги ракави со набори и длабоко деколте и уште неколку во кои знаеме дека ќе се заљубите од прва!

 

 

Објавено:
19 мај 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
604 пати