Елена Лука ја најавува новата колекција венчаници за пролет-лето 2017

14 февруари 2017

Сите идни невести во подготовките за својата свадбена свеченост посебно внимание секако посветуваат на својата венчаница, како еден од најпосебните моменти во целата церемонија.

Елена Лука секогаш го има тоа во предвид кога ги креира своите специјализирани колекции венчаници, па затоа дизајнерскиот тим исклучително се посветува на секој сегмент од дизајнот на венчалниот фустан за на крај комплетната слика да биде совршена.

Токму со една таква, модерна, транспарентна, сексапилна венчаница со линија што ја следи женската силуета, модниот бренд ја најавува својата нова колекција венчаници наменета за сезоната пролет-лето 2017.

Од Елена Лука велат дека наскоро ќе биде објавена и целата фотосесија за новата колекција која изобилува со уникатни, раскошни венчаници што опфаќаат неколку различни стилски правци, така што може да се пронајдат невести со различен карактер и стил.

Инаку, модната куќа традиционално и оваа година со новата линија венчаници ќе биде дел од Саемот за венчавки што ќе се одржува од 17. до 19. Март во хотелот „Александар Палас".

 

Објавено:
14 февруари 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
3.224 пати