Елена Лука со интересен танцов перформанс на Саемот на венчавки

12 март 2016

Во рамки на викенд програмата на шестиот Саем на венчавки"што се одржува во „Александар Палас", модната куќа Елена Лука ги изненади посетителите и со моден перформанс, во изведба на студиото за танц „Прима Данца".

Преку движењата, се прикажa софистицираноста, едноставноста и елеганцијата со што се одликува секоја од креациите на етаблираниот бренд.

Пеформансот има за цел да ја прикаже новата Елена Лука, новите трендови, смелите чекори кои модната куќа ги прави низ годините, како и ескцентричната и уникатна дама која ќе ја задржи автентичноста, а воедно ќе изгради и сосема нова, модерна девојка.

Модната куќа подготви и дополнителни изненадувања, за овој викенд некому да го направи уште попосебен.

-Секоја двојка што ќе се одлучи за својата свадба да заблеска во фустан од нашата модна куќа, ќе добие десет проценти попуст на венчалниот фустан, без оглед на тоа дали ќе избере некоја од изложените, готови креации или пак фустан по нејзина мерка. Исто така, невестата која ќе ја избере Елена Лука добива бесплатна фризура и шминка од нашето Hair & Make Up Studio – велат од модната куќа.

Тие додаваат дека двојката што ќе се одлучи за венчален фустан од Елена Лука ќе добие специјален попуст во Elena Luka Home за почеток на ново семејство и избор на нов ДОМ.

Саемот е отворен денеска и утре од 9 до 21 часот, а влезот чини 60 денари.

Објавено:
12 март 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
932 пати