Елена Лука со специјални изненадувања за своите невести на Саемот за венчавки

16 март 2017

Овој викенд од 17. до 19. март се одржува традиционалниот Саем за венчавки во хотелот Александар Палас, каде и годинава својата нова колекција венчаници ќе ја изложи модниот бренд Елена Лука.

Од модната куќа најавуваат специјални изненадувања за сите невести кои ќе се одлучат својата венчаница да ја купат токму за време на саемските денови. Имено, Елена Лука на своите невести ќе им подари специјален ваучер во вредност од 6000 денари што ќе може да го искористат за нивниот венчален фустан изработен по нарачка.

Истиот ваучер може да го најдете и во последното издание на магазинот Убавина и здравје, па секоја идна невеста која ќе го приложи истиот на Саемот за ванчавки ќе добие попуст за нарачана венчаница.

Саемот се отвора во петок навечер со модна ревија на која венчални фустани и свечени одела за мажи ќе носат наши познати личности.

 

Објавено:
16 март 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
519 пати