Елена Реи прекрасна во венчаници за Elle Marriage

16 февруари 2017

После Токио, Сингапур и Јужна Кореја македонскиот топ модел Елена Реи веќе подолго време престојува во центарот на светската  мода Париз.

Позади неа стојат веќе голем број реализирани големи проекти, од заштитно лице на брендот Calvin Klein, па преку соработките за кампањи и ексклузивни едиторијали за Armani, Jimmy Choo, Bvlgari, Celine, Massimo Dutti, Harper’s Bazaar, а последно од Елена е големата рекламна кампања за модното списание ELLE Mariage.

Прекрасните и раскошни венчаници се најава за новата сезона која насетува минимализам на гламурот.

Покрај едиторијалот, Елена Реи е главен лик во промотивниот видео запис, каде покрај нејзината впечатлива убавина може да се види маестралниот крој на венчаниците и обувките кои и прилегаат навистина совршено. 

„Со секој нареден проект Елена докажува дека е навистина предодредена да ја паметиме како едно од најдобрите работи што воопшто и се случиле на модната сцена кај нас“, велат со восхит од нејзината матична агенција Моделс ИН во Скопје.

Објавено:
16 февруари 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
818 пати