Емили Ратајковски се венчаше во окер одело

26 февруари 2018

Моделот Емили Ратајковски викендов ја изненади светската јавност. Преку својот Инстарам профил ја соопшти веста дека се омажи. 

Имено, нејзиниот, сега веќе сопруг, Себастијан Беар Меклард е продуцент, а двојката е заедно едвај неколку месеци. Ратајковски претходно беше во тригодишна врска, која ја прекина кон крајот на минатата година, па никој не очекуваше ваков брз развој на настаните.

Но, она што уште повеќе привлече внимание е нејзиниот избор за венчавката. Нејзиниот избраник носеше лежерна варијанта на одело во пастелно сина боја, со црна маица и црни чевли.

Емили се одлучи за панталони и сако во окер нијанса, со ремен на половината. Изгледот го надополни со црна шапка со мрежа и црни чевли. 

За многумина необичен избор, особено на боја, но мора да се признае дека одлично знае да го носи. 

Што мислите вие за нејзиниот избор?

Објавено:
26 февруари 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.436 пати