Емилија Пендева - поинаква невеста со уникатен „тату накит“

24 јуни 2013

Токму таква венчавка, изминатиот викенд имаше тату уметничката Емилија Пендева која ја официјализираше љубовта со нејзиниот вереник Горан. Баш онаква каква што е, по својот дух и сензибилитет,  Емилија на гостите им приреди една поинаква рок забава, поинаква тема за венчавка и се разбира поинаков  изглед за себе.

Иако, многумина помислуваа дека таа ќе облече поразлична венчаница, барем во боја, Емилија се преобрази во некогашната „Лејди“ , овој пат во бело, а за накит ги употреби  сопствените тетоважи кои одлично го заменија местото кое му припаѓа на впечатливиот накитот кој беше сведен на дискретност.  Наместо вел, круна или венче, косата во циклама боја беше доволна да направи контраст кој дополнително ја истакна убавината на Емилија.

Редакцијата на Fashionel и посакува среќен и исполнет брачен живот!

Објавено:
24 јуни 2013
Категорија: 
Бела соба