Есенската невестинска колекција на Оскар де ла Рента е магична

26 октомври 2018

Светските дизајнери периодов ги презентираат невестинските колекции за 2019 година. Нашето внимание го привлече колекцијата на брендот „Оскар де ла Рента“. 

Во лукбукот се претставени неколку модели каде во преден план е ставена нежноста и елеганцијата на жената. 

Што се однесува до кројот, од модната куќа се држат до препознатливоста. Покрај широките здолништа, посебно впечатливи се и фустаните со рамен крој, со ефект на снегулка или пак со винтиџ нота.

Срцевидното ретро деколте, со набори во страна се класика која секогаш е добредојдена. Фустанот со кој започнува лукбукот, со тантела во форма на листови е моделот кој можеби најдобро ја осликува естетиката на куќата. 

Големите панделки се нешто што тие го издвојуваат како тренди момент за есен 2019-та, што исто така потсетува на гламурот од „златното доба на Холивуд“.

Погледнете:

Објавено:
26 октомври 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.239 пати