Ешли Грам дизајнираше венчаници за Проновиас

16 јануари 2020

Шпанскиот бренд „Проновиас“ веќе неколку сезони во рамките на своите колекции вклучува и плус-сајз креации, односно поголеми броеви од веќе дефинираните модели во колекцијата.

Но, овој пат отиде чекор понатаму, па оствари соработка со плус-сајз моделот Ешли Грам. Инспирирана од моментот што потрагата по нејзината совршена венчаница не била ни малку лесна, таа создаде колекција која вклучува венчаници за сите типови жени - од слаби, до оние со некој килограм вишок.

„Имав потешкотии да пронајдам фустан кој ќе направи да се чувствувам специјално, фустан кој ќе го истакнува и слави моето тело на еден од најважните денови од мојот живот. Жените треба да бидат најсамоуверената верзија од себе на свадбениот ден – да изгледаат и да се чувствуваат убаво“, ќе каже моделката.

Инаку, едиторијалот содржи 16 креации, а дел ви презентираме во продолжение.

 

Како ви се допаѓаат?

Објавено:
16 јануари 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
547 пати