Фото: Погледнете каква беше атмосферата во белата соба на Елена Лука на Саемот за венчавки

24 февруари 2020

Минатиот викенд беше во знакот на 10-от Саем за венчавки што се одржа во хотелот Александар Палас, каде голем интерес предизвика раскошната бела соба на модната куќа Елена Лука.

Модниот бренд ја промовираше својата нова, ексклузивна колекција венчаници која го освои вниманието и симпатиите на идните невести, кои на себе ги пробуваа своите омилени модели.

Романтични венчаници во лелеави кроеви, елегантни со линија што ја следи силуетата, неконвенционални со асиметричен израз, луксузни материјали, уникатни рачни доработки, како и авангардни венчални фустани со волуменозни карнери се само дел од приказната од новата колекција за актуелната сезона.

Сите невести што немаа можност да го посетат саемот, Елена Лука ги очекува во своите ателјеа во Скопје и Струмица каде ќе биде изложена и достапна за продажба новата ексклузивна колекција на венчални фустани.

 

Објавено:
24 февруари 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.299 пати