Фото+Видео: Најлуксузната балканска венчавка од три дела

29 мај 2018

Ќерката на поранешниот српски фудбалер, Драган Стојковиќ - Пикси, Ана Стојковиќ веројатно имаше една од најлуксузните венчавки на Балканот.

Таа и нејзиниот избраник, Хуго Валенте, поранешен возач на тркачки автомобили, организираа три венчавки, односно прослави.

Двојката, која има и ќеркичка, во февруари официјално стапи во брак во Париз, подготвувајќи за таа пригода интимна прослава во кругот на најблиското семејство и пријатели. Ања тогаш носеше миди бело здолниште во сирена крој и горен дел со долги ракави, со ролка и ремен на половината, со кој уште повеќе го нагласи овој дел од телото. Шапката со мрежа придонесе овој изглед да добие дамска нота.

Потоа, следеше прославата на Азурниот брег, за која дури пишуваше и јапонското издание на „Вог“. За таа пригода, Србинката одлучи да носи раскошна креација на Ели Сааб, која како пренесуваат српските медиуми била изработена специјално за неа, а чинела неколку илјади евра. Горниот дел е корсетски изведен и прекриен со кристали, додека здолништето е изработено од комбинација на свила и тул, а карнерите даваат впечаток на бранови, даваат волумен на венчаницата, што одлично се вклопува во комплетната атмосфера.

Третата прослава се случи изминатиов викенд во Белград, на кој присуствуваа голем број познати личности од тамошната сцена. 

Ања овој пат се појави во бел фустан од пердуви, со асиметрично здолниште, па нозете доаѓаат до израз. Креацијата е од познатиот српски бренд „Михано Момоса“, а со сите три избори таа ги собра симпатиите и на домашната и на светската сцена.

Инаку, госпоѓата Валенте студирала моден дизајн на престижниот „Сент Мартинс“, но и Париз на „Парсонс“, за што ќе изјави во една пригода дека се највозбудливите години во нејзиниот живот и дека конкуренцијата, желбата за успех и натпреварувањето на овие колеџи се огромни и треба огромна посветеност.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од сите три венчавки:

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onMay 29, 2018 at 12:58am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onMay 23, 2018 at 12:18am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onMay 22, 2018 at 3:08am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onMay 22, 2018 at 2:51am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onMay 21, 2018 at 11:59pm PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onMay 11, 2018 at 1:57am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onMay 1, 2018 at 5:01am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onMay 1, 2018 at 4:52am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onMay 1, 2018 at 4:50am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onApr 27, 2018 at 10:29am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onApr 26, 2018 at 3:44am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onApr 26, 2018 at 3:37am PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onApr 23, 2018 at 3:12pm PDT

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onFeb 24, 2018 at 7:53am PST

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onFeb 24, 2018 at 7:20am PST

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onFeb 18, 2018 at 4:55am PST

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onFeb 18, 2018 at 2:24am PST

 

 

A post shared by Anja Valente (@anja) onApr 29, 2018 at 9:38am PDT

 

 

A post shared by H. (@hugo) onMay 29, 2018 at 2:19am PDT

 

 

A post shared by Mihano Momosa (@mihanomomosa) onMay 28, 2018 at 3:52am PDT

 

 

A post shared by Mihailo Anusic (@mihailoanusic) onMay 27, 2018 at 12:46pm PDT

 

 

A post shared by Ed (@edmondcave) onApr 23, 2018 at 4:51am PDT

 

 

 

A post shared by SOFIA (@sofijamilo) onMay 28, 2018 at 12:31pm PDT

 

 

A post shared by mina krstic (@mina2808) onMay 27, 2018 at 10:02am PDT

 

 

A post shared by Karen Bargibant (@karen_brgt) onApr 24, 2018 at 10:06am PDT

 

 

A post shared by Benjamin Moine (@benjaminmoine) onApr 21, 2018 at 11:20am PDT

 

 

A post shared by Nina Badric (@badrich) onMay 28, 2018 at 3:45am PDT

 

Објавено:
29 мај 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
5.646 пати