Фото+видео: Пријанка Чопра и Ник Џонас ја славеа љубовта со три луксузни церемонии

5 декември 2018

Познатата двојка, Пријанка Чопра и Ник Џонас викендов ја славеа љубовта. Нивната свадбена свеченост, поточно три свадбени свечености, кои изобилуваат со луксуз, го привлекоа вниманието на светската јавноста.

Вчера се појавија и некои од првите фотографии, а и двајцата споделија по некој момент преку социјалните мрежи.

Свадбата со христијански обичаи се одржа во Umaid Bhawan Palace во Џодпур. И двајцата носеа креации дизајнирани лично од Ралф Лорен.

Венчаницата на Пријанка има и вел долг 23 метри, а чевлите се од Џими Чу. Истата е изработувана 1.826 часа и збогатена со речиси два милиона и четиристотини бисери и мониста. Интересно е што Ралф Лорен досега дизајнирал само три венчаници, за свадбите на неговата ќерка, снаа и внука, така што актерката ја има честа токму за неа да направи исклучок.

Утре дента беа одржани две церемонии, каде се испочитуваа индиските обичаи. Токму затоа, таа носеше црвена креација, од тамошниот дизајнер Сабиасачи. Креацијата е рачно украсена, со рачно изработени цветови од органза, кристали. Секој од слоевите е украсуван со мониста. За нејзината изработка биле вклучени 110 лица за везење, а за севкупната изработка биле потребни 3.720 часа. Дизајнерот исто така бил задолжен и за нејзиниот накит, што вклучувал дијаманти, емералди и јапонски бисери во 22 каратно злато, како и за севкупниот изглед на Ник.

Третата свечаност се оджа во Делхи. Младенците организираа свеченост на која присуствуваше и индискиот премиер Нарендра Моди, а третиот фустан на Пријанка не беше ништо помалку луксузен од претходните два.

„Сè ова предизвика многу солзи кај мене, од среќа. Можноста да имам две прослави во Индија, меѓу мојот народ и секако во присуство на моите најблиски, за мене е бесценето чувство и ме направи посебно среќна“, изјави Чопра за „Пипл“.

Во продолжение погледнете ги и видеата и дел од атмосферата:

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Priyanka Chopra (@priyankachopra) onDec 4, 2018 at 7:12am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Priyanka Chopra (@priyankachopra) onDec 4, 2018 at 4:36am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by PeopleTV (@peopletv) onDec 4, 2018 at 9:55am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by PeopleTV (@peopletv) onDec 4, 2018 at 7:39am PST

 

 

 

 

Објавено:
5 декември 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
552 пати