Фустани од актуелните модни недели наместо венчаници

28 септември 2015

Пролетно-летните колекции што периодов се промовираат во рамките на модните недели во четирите модни метрополи, се одличен инспиративен извор за идните невести кои себеси се замислуваат во неконвенционална венчаница, надвор од стандардите.

Па затоа, голем избор на фустани што ги видовме на писта, може да се преадаптираат во функција на венчаница, се разбира само во случајот на оние храбри невести што сакат да отстапат од комфорната зона карактеристична за невестинскиот изглед.

Романтични плисирани фустани, здолништа во пастелни бои со нагласена половина или пак такви со голи раменици, се само дел од богатиот избор на потенцијални венчаници, што станува се поголем тренд.

Во изборот во продолжение, магазинот Elle селектира неколку одлични варијанти на фустани како замена на класичните венчаници од неодамна завршените модни недели во Лондон и Њујорк.

Објавено:
28 септември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
855 пати