Ги селектиравме најубавите венчаници за 2016!

22 април 2015

Сега кога конечно заврши Модната недела за невести, можеме да ги сумираме впечатоците и да ви ги презентираме најубавите венчаници!

Колекциите за пролет 2016 што дизајнерите ги прикажаа, беа и повеќе од магични! Сосема очекувано, дизајнерите како Наем Кан, Моник Лулиер, Оскар де ла Рента и Маркеза ги прикажаа најубавите фустани, но никако не изостанаа ниту помладите дизајнери меѓу кои и талентираната Сара Севн.

Sarah Seven Bridal Spring 2016

Во нивните колекции можевме да видиме и повеќе од раскошна тантела, неверојатни свилени материјали и тул каков што не сме замислувале.

Monique Lhuillier Bridal Spring 2016

Она што беше посебно кај годинешните колекции, е тоа што можевме да видиме многу нови трендови во кои знаеме дека девојките ќе се вљубат на прв поглед.

Delphine Manivet Bridal Spring 2016

Меѓу нив, дефинитивно највпечатлив беше трендот на рачно цртање на цветови на материјалите на венчаниците, потоа 3Д цветовите поставени на површината на фустаните, излегувањето од традиционалната рамка со малку поинакви венчаници и белите костими за невести.

Како што можевме да забележиме, вистински романтичен и секси е трендот на отворен грб кај венчаниците, што можевме да го забележиме и од самите парчиња во колекциите.

За девојките што не сакаат традиционални венчаници, многу од дизајнерите претставија впечатливи и уникатни дводелни венчаници, бели комбинезони, панталони или здолништа со раскошни блузички со пердуви и што уште не.

Во галеријата во продолжение, ние ги сместивме најубавите венчаници од колекциите на дизајнерите, од каде се надеваме дека ќе пронајдете барем една по ваш вкус!

Објавено:
22 април 2015
Категорија: 
Бела соба