Гламурозна и оригинална колекција венчаници на Оскар де ла Рента

5 јули 2014

Невестинските креации на Оскар де ла Рента имаат магична привлечност. Новата колекција венчаници за 2015 година на домениканскиот дизајнер  потсетуваат на кроевите на некогашните венчаници кои ги носеа ѕвездите на филмското платно. Неговите уникатни композиции се модернизирани и зрачат со неповторлив шарм и убавина.

Линијата претставува експлозија на невидена елеганција, каде доминантна е белата оптичка боја на слонова коска, богатите текстури на внимателно одбраните свили, сатени и тантелните рачни изработки. Цветните везови, монистрата , бисерите и стаклените камчиња со кои се украсени фустаните им додаваат нота на гламур и луксуз особено на оние модели кои се со спуштени рамена.

Вистинска плејада на дизајни која нема да ве остави рамнодушни. Идни невести повелете инспирирајте се.

Објавено:
5 јули 2014
Категорија: 
Бела соба