Хилари Свонк се омажи во венчаница од „Ели Сааб“

23 август 2018

Актерката Хилари Свонк минатата недела се омажи за своето момче Филип Шнајдер. Двојката направи прослава минатиот викенд, а фотографиите недела дена подоцна ексклузивно ги објави „Вог“.

Во шума, на планинскиот венец Санта Луција во Калифорнија, во присуство на семејството и пријателите, двојката го изговори судбоносното „да“. За овој посебен ден, актерката се одлучила за креација од „Elie Saab Haute Couture Atelier“. Како се вели во соопштението за јавност, фустанот е создаден од нежна тантела, свилен шифон и свилена органза. За велот биле употребени шест метри тул. Инаку, венчаницата е украсена и со посебни камчиња и монистра, за што биле потребни 70 часа, речиси половина од времето што било потребно да се изработи целиот фустан (150 часа).

-Креациите на Ели Сааб ми се допаѓаат со години наназад и воодушевена сум што токму тој го дизајнираше и мојот фустан - изјави актерката за „Вог“.

Таа додава дека инспирацијата за фустанот дошла од природата, што всушност е и тема на венчавката.

-Сакав нешто романтично, нешто безвременско, како секвоите со кои бевме опкружени на венчавката и тој ми достави фустан што далеку ги надмина моите очекување. Беше сè што очекував, дури и повеќе - не ги штеди убавите зборови Свонк.

Вечерната забава се одвивала во амбар на Санта Луција, а од фотографиите се гледа дека 44-годишната актерка венчаницата на Ели Сааб ја заменила со фустан од „Диор“, дизајниран од Марија Кјури.

Како пренесува „Вог“, таа и нејзиниот избраник ги изненадиле гостите со посебен танц, кој го вежбале неколку месеци, а крајот на забавата бил резервиран за „глуво диско“ (silent disco).

Дел од свадбениот албум на Хилари Свонк погледнете во продолжение. Сите фотографии погледнете ги ТУКА.

 

Објавено:
23 август 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.664 пати
Извор: 
Vogue.com