H&M ја промовираше колекцијата венчаници и фустани за посебни пригоди

12 април 2018

Во пролетните колекции на шведската модна куќа H&M се издвојува една посебна линија која е со нота на свеченост.

Тука покрај елегантните фустани за посебни пригоди, припаѓаат и неколкуте различни дизајни на венчаници за невестите кои посакуваат поедноставен венчален изглед.

Во изборот на романтични свечени фустани оваа пролет е застапен широк спектар на бои, во основа нијанси кои важат за нај актуелни оваа сезона: виолетова, пудресто розова, сина, вклучително и неизбежните и секогаш елегантни црна и бела.

Нивниот стил може да се категоризира во неколку сегменти како такви во кои акцентот е на симплифицираната линија изработени од тантела или оние со бохо естетика, со лелеав крој.

Венчаниците пак имаат еден заеднички предзнак: шармантни. Во основа, нивниот крој е смирен и минималистички, а силуетите варираат од такви во макси должина со А крој, до венчаници со мини должина што ја следат линијата на телото.

 

Објавено:
12 април 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.836 пати