Холивудска рапсодија венчаници на BHLDN за оваа есен

25 септември 2014

Пронаоѓањето на совршена венчаница е приоритет број еден на секоја невеста. Нивното внимание од сезона во сезона се обидуваат да го привлечат познатите модни брендови и дизајнерски куќи кои на пазарот промовираат модели венчаници во кои секоја невеста буквално ќе блесне и ќе изгледа како вистинска принцеза на најважниот ден во животот.

За венчалниот стајлинг да биде целосно во духот на филмските грациозни диви, брендот BHLDN оваа година се погрижи и на својата ценета публика реши да и претстави колекција венчаници која буквално го одзема здивот.

Сестринскиот бренд BHLDN, во Америка ужива навистина голема популарност. Токму големиот интерес за нивните креации и модели дополнително ги поттикна младите дизајнерки да создадат свадбена колекција која ќе биде романтична и гламурозна. Традиционалниот аспект во поглед на изгледот на моделите е доведен до едно модерно ниво, а вообичаената тантелна венчаница е збогатена со инспирација од креациите карактеристични за златното доба на Холивуд. Сите свадбени композиции имаат богати везови и ултра модерни 3D цветни апликации. Вистинска рапсодија на софистицираност, префинетост,женственост, елеганција и уникатност.

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Бела соба