Хватската дизајнерка Матија Вуица има нова раскошна колекција венчаници

9 март 2018

Хрватска дизајнерка Маија Вуица неодамна ја претстави новата колекција венчаници. Како пренесуваат тамошните медиуми, се работи за 13 креации впечатливи по својот раскош.

Инаку, колекцијата е поделена во три дела: Couture, Glamur и Pure.

Couture е делот од колекцијата со раскошен дизајн и рачно шиени апликации од тантела и кристали, со препознатливиот естетски печат на дизајнерката. Здолништата се најчесто широки кринолини, што уште повеќе придонесуваат кралскиот ефект што Вуица сакала да го постигне.

Glamur делот во фокус го става Холивудскиот сјај и естетика. Фустаните ја истакнуваат женственоста, изработени од ткаенини во чисто бела нијанса, со софистицирани модни додатоци.

Pure, третиот дел од колекцијата вклучува традиционални елементи на невестински фустан, наменети за сите дами што го негуваат класичниот стил.

Зад фотографиите се потпишува Фрањо Матковиќ.

Погледнете ги сите креации:

Објавено:
9 март 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.122 пати
Извор: 
zadovoljna.hr