Идеи за цветни декорации за пролетни свадби!

5 март 2019

Компаниите за организирање венчавки велат дека, очекувано, најголемиот тренд при декорарирање свадби ќе бидат цвеќињата.

Ако оваа пролет правите свадба или некој од вашите најблиски, па учествувате во организирање на истата, во продолжение ќе видите на кој начин може да ги инкорпорирате цветните дезени.

Ова посебно ќе им одговара на оние што ја сакаат романтичната естетика. Живото цвеќе е пред вештачкото, а се користи за декорации на маса, декорации на врата... Кога се венците во прашање или пак цветните ѕидови за сликање, кои се посебно популарни, се користат и вештачки цветови, кои нема ни да познаете дека се вештачки.

Инаку, цветните дезени можете да ги вклучите и во салфетките, бројчињата за маса, бонбончињата...

Кога сме кај трендовите, и тортите со цвеќиња повторно се враќаат во фокусот. Па, ако немате идеја како би можело тоа да изгледа, погледнете ги фотографиите во продолжение:

Објавено:
5 март 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
720 пати