Инспирација: Најубавите бидермаери од Инстаграм

4 јуни 2018

Доколку наскоро ве очекува „големиот ден“, а сè уште размислувате каков бидермаер да носите, тогаш овој текст е за вас.

Ги одбравме најубавите бидермаери од Инстаграм и ги сместивме во една галерија како супер инспирација и помош, доколку сè уште не сте направиле избор.

Цвеќињата се дефинитивно едни од омилените кога станува збор за свадбените свечености, а особено внимание невестите му посветуваат на бидермаерот.

Ако порано невестите носеле цветни круни на главата, денеска одбираат разни аранжмани од цвеќиња кои секогаш изгледаат и мирисаат одлично.

При одбирањето на букетот, треба да посветите внимание на неколку детали, меѓу кои и да биде во согласност со останатите цветни аранжмани, со декорацијата, со венчаницата, но најважно од сè, вам да ви се допаѓа најмногу.

Без разлика дали сте класичен тип на девојка и сакате нешто едноставно, или сте љубител на многу бои и форми, бидермаерот е неизбежен дел од свадбата.

Со него се поврзани и многу адети, а меѓу најинтересните е фрлањето на крајот на свадбата на немажените девојки кои се присутни.

Во продолжение во галеријата погледнете некои од најубавите од оваа сезона и инспирирајте се доколку наскоро ве очекува венчавка.

Извор и фото: Buro 24/7

Објавено:
4 јуни 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
913 пати