Интересни истражувања за венчавките

6 јули 2013

Компанијата „Wedding Papers Divas“ спроведе истражување меѓу своите клиенти за љубовта, веридбата, свадбата и бракот.
Притоа, резулатите покажале дека кај повеќето љубовни двојки веридбата трае меѓу 13 и 18 месеци, најпопуларна боја на венчавката е сина, а со цел свадбата да биде совршена младите работат и до 25 часа неделно.

 


Речиси 50 отсто од двојките првото „те сакам“ го изговориле во период од првиот до шестиот месец од врската, а 41 отсто за помалку од еден месец. Родителите на партнерот повеќето испитаници ги запознале во првите шест месеци од врската, а девет отсто ги знаеле и претходно.
Веридбата кај повеќето двојки траела од 13 до 18 месеци, а мал број, односно четири отсто се венчале мошне брзо во период од шест месеци.

 


Иако пазарот за планирање на свадбите на запад е мошне развиен, повеќето од младите сами си ја организирале својата свадба. Шеесет и осум проценти од нив се занимавале со тоа, а само осум отсто изнајмиле координатор, кој го организирал целиот настан.
Меѓу најпопуларните бои на свадбите е сината (37 отсто), а потоа следат виолетовата (30 проценти), зелената, портокаловата и белата.
Најпопуларни месеци за венчавка се јуни и септември, а ден сабота.
И натаму повеќето двојки се одлучуваат за хотелските ресторани или банкет сали (39 отсто), а потоа за селски имоти и венчавки на отворено, како и за голф клубови.

 


Повеќето млади медениот месец сакаат да го поминат на тропски остров. Во европските градови патуваат 11 отсто од младите, а во авантура како, на пример, сафари се впуштаат седум проценти. На меден месец воопшто не заминале 16 отсто од двојките.

 

 

Објавено:
6 јули 2013
Категорија: 
Бела соба