Јелена Ѓоковиќ за Вог: Како ја одбрав венчаницата од соништата

26 август 2014

tumblr_n8ru2lKOrB1ra0daqo1_500

Убавата Јелена Ѓоковиќ по втор пат се најде низ страниците на Вог. Сопругата на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, овој пат раскажа како се подготвувала за свадбата и како од се' најмногу главоболки и' предизвикал изборот на венчаница.

-Најтешко ми беше да го изберам венчалниот фустан - низ смеа раскажува Јелена.

Потрагата по вистинскиот фустан започнува онлајн. После пробата на неколку модели во еден познат бутик за венчаници, сфаќа дека се' и' е премногу големо. Потоа, одлучува да ги посети дизајнерите во Париз и Лондон. Во ноември ја запознава Сара Бартон, дизајнерката на модната куќа „Александар Меквин“.

novak-exclusive--z

-Веднаш ја пронајдовме вистинската вибрација - вели Јелена.

Но, набрзо после тоа, таа дознава дека е бремена и дека на свадбата ќе биде во шести месец.

-Тоа ми се случи прв пат - открива Сара Бартон, која веднаш се потрудила да направи крој што на Јелена одлично ќе и прилега, дури и со бремениот стомак.

Но, во тој процес се случика и анегдота, која Јелена ја раскажа за легендарното списание. Според нејзините зборови, Сара од внатрешната страна зашила сина лента, која ја одржува католичната традиција невестата на венчавката да нос нешто сино и позајмено. Јелена и' објаснила дека тоа не е српски обичај, но не ја отстранила лентата, туку ја замолила да и' зашие уште една, во црвена боја, против уроци.

collage1

Посебен акцент на приказната во Вог е ставен на тешките денови кои ја снајдоа Србија во текот на поплавите и помошта која фондацијата на Новак и Јелена ја даваа. Заработката од неколку турнири, вклучувајќи ја и онаа од Вимблон се донирани во хуманитарни цели, а тука е и гала вечерта која двајцата ја организираа. Целта на хуманитарнат помош беше за изградба на четири градинки во Србија, што е и остварено.
Djokavic-wedding
Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Бела соба