Како изгледа венчавка со црно-бела тематика?

16 март 2018

Тематските венчавки сè почесто се избор на оние младоженци кои преферираат да излезат од стандардите или едноставно нивната венчавка ја конципираат така да биде одраз на нивните лични интереси, нивниот карактер или некој момент што го поврзува младиот брачен пар.

На тој начин целата церемонија добива уникатен лик како белег на желбите и стилот на младоженците.
Можностите и варијантите се бројни, но она што е од суштинско значење е прецизно да се дефинира правецот на темата зашто во спротивно, лутајќи од една во друга насока, може да се постигне контра ефект.

Еден интересен предлог за тематска венчавка е контрастниот црно-бел спој, концепт што почнува од најситните, но и тоа како значајни детали, како што се цветните украси за на маса, поканите, кутивчињата за бонбони па се до изборот на венчаницата.

Ако се подготвувате за венчавке и се пронаоѓате во ваков концепт, ве инспирираме со интересни идеи во продолжение...

Објавено:
16 март 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.086 пати