Карли Клос тајно се омажи во магична венчаница на Диор

19 октомври 2018

Пред само неколку месеци на нејзиниот Инстаграм профил прекрасната манекенка Карли Клос објави фотографија со свршенички прстен од нејзиното момче Џошуа Кушнер, а вчера ги израдува следбениците со фотографија од свадбата.

Под фотографијата на која и таа и Џошуа изгледаат прекрасно и заљубено напиша 18.10.2018 со што и официјално потврди дека тоа бил датумот на нивната венчавка која најверојатно се случила тајно и далеку од очите на јавноста.

Магазинот People денеска пишува дека двојката се венчала на мала церемонија во Њујорк во четвртокот вечерта, со помалку од 80 присутни гости.

Според нивните информации, се очекува на пролет да направат голема забава за нивните пријатели и поширокото семејство.

На фотографиите можеме да ја видиме познатата манекенка во прекрасна, специјално изработена Диор венчаница во која таа изгледаше подобро од кога и да е.

Познатата манекенка е во врска со бизнисменот и брат на сопругот на Иванка Трамп од 2012 година, а речиси секогаш тие ја одржувале нивната врска подалеку од очите на јавноста, па оттука, сосема очекувано беше да направат и ваква свадба.

Фото: People

Објавено:
19 октомври 2018
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
932 пати