Ќе носите ли вел на венчавката?

15 јули 2013

За велот отсекогаш постоеле различни ставови. Некои невести не го сакаат воопшто, со образложение дека е старомоден, нефункционален.

Од друга страна пак, има и млади што не можат да се замислат без вел. За нив тој е романтичен, го дополнува изгледот на венчаницата и едноставно дури кога ќе го стават велот се чувствуваат навистина како невести.

Според ова, се се сведува на личниот вкус. Посебни правила нема. Порано беа актуелни велови од тул, а денес се моше актуелни со тантела на рабовите.

Одлучете се за она што најмногу ви се допаѓа, а ние ви даваме неколку предлози.

 

Објавено:
15 јули 2013
Категорија: 
Бела соба