Ќерката на Сваровски се омажи во венчаница вредна милион долари

23 јуни 2017

Кога се презивате Сваровски, не постои пречка да ги реализирате сите ваши замисли и желби. Доказ за тоа е и свадбата на наследничката на бизнисменот Пол Сваровски, Викторија.

фото извор: dailymail.co.uk

Светските медиуми веќе неколку дена зборуваат за гламурозната церемонија, која се одржа на пристаништето Портопиколо во Италија.

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

Младата, 23-годишна Викторија изминатиот викенд стапи во брак со инвеститорот Вернер Муерц, а нивната венчавка е буквално како од бајките.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

Ден пред големата церемонија одржана е тематска, црвено-бела вечера и забава „Паста и љубов“ за добредојде на гостите, на која убавата Викторија се појави во црвена, асиметрична креација, секако со Сваровски кристали, дело на дизајнерот Мајкл Синко.

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

Присутните уживаа во музиката и забава, релаксирајќи се пред големиот ден.

За венчавката во црква, поточно во катедралата „Сан Џусто“ во Трст, дизајнерот за наследничката на Сваровски дизајнираше раскошна венчаница, повторно со препознатливите кристали, повеќе од 500.000 илјади, што придонесе фустанот да тежи дури 46 килограми. Здолништето на фустанот е во „принцез“ стил, додека горниот дел е комбинација на 3Д тантела и мрежичка. За комплетниот впечаток придонесе и велот долг шест метри, а ова задоволство невестата ја чинело милион долари.

фото извор: youtube

фото извор: youtube.com

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: dailymail.co.uk

Кога се обувките во прашање, Викторија одбра модел на Џими Чу, на кој специјално се изгравирани иницијалите на младенците.

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: dailymail.co.uk

Наместо ливчиња од цвеќиња, или ориз, на излегувањето од катедралата врз младенците била фрлана кристална прашина.

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: dailymail.co.uk

По венчавката во црква, гостите и младенците се упатија кон еден ресторан со поглед на море, каде се одржа и свадбената забава.

 

 

Le diamant est éternel. L'amour non. #diamonds

A post shared by Elodie Damiao (@elodiedamiao) onJun 16, 2017 at 5:53pm PDT

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

За таа пригода, Викторија облече нова венчаница, во сирена-крој.

Оние што го сакаат романтичното, а едноставно украсување, веројатно ќе бидат воодушевени од декорацијата и тортата на пет ката.

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

Следниот ден за гостите е организирана и забава за збогум, во еден од клубовите на плажа на Портопиколо.

Родителите Пол и Александра Сваровски;фото извор: uk.businessinsider.com

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

Инаку, освен што е припадничка на познато и имотно семејство, Викторија Сваровски всушност се занимава со музика. На 16-годишна возраст го снима првиот албум за „Сони Мјузик“, а во 2014 година имаше настап и на Олимписките игри во Сочи.

фото извор: uk.businessinsider.com/chris singer | Johannes kernmayer

Минатата година беше победник на германското издание на шоуто „Танц со ѕвездите“, а сè уште е еден од актуелните судии во „Германија има талент“.

Двојката во моментов е на меден месец во Франција.

Објавено:
23 јуни 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
7.943 пати