Класична и елегантна – непогрешен избор на венчаница

8 август 2017

Неодамна во ателјето на Елена Лука имавме привилегија да ја проследиме комплетната подготовка за венчалната прослава на нашата шармантна невеста Стефани и заеднички да ја споделиме возбудата околу нејзиниот голем ден.

Утрото го започнавме со подготовката на невестинската шминка и фризура во фризерското студио во рамките на ателјето, за што Стефани ни потенцираше дека ѝ е голема олеснителна околност затоа што има можност комплетно да се подготви на едно место.

„Многу ми значи што нема да губам време и можам во Елена Лука целосно да се подготвам, вклучувајќи ја шминката и фризурата", вели Стефани.

Додека се подготвуваше во фризерското студио, ја искористивме приликата да ја прашаме околу целата соработка со тимот на Елена Лука и за изборот на нејзиниот венчален фустан.

„Знаев дека изработката на мојот венчален фустан ќе им ја доверам на тимот од Елена Лука затоа што претходно слушав за многу позитивни искуства. Во текот на целиот период додека се подготвуваше венчаницата имавме одлична соработка со тимот, ретко коректен и шармантен однос", го сподели своето искуство.

Нејзината венчаница се идентификува со нејзиниот карактер, како што и самата ни кажа во разговорот. Класична и елегантна, во суптилен сирена крој со доза на романтичен израз. Горниот дел е богато украсен со рачно аплицирана тантела, а невестинскиот изглед е заокружен со долг романтичен вел и впечатлив детаљ – венче за косата изработено од декоративни камења.

Во галеријата ви пренесуваме дел од амбиентот за време на подготовката.

Објавено:
8 август 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.458 пати