Само една недела пред нејзината свадба, 24 – годишната Ребека Абрантес посакала да направи забавна фотосесија со нејзините деверици и тоа и го сторила.

Веројатно секој од вас ќе забележи нешто поинакво на фотографиите, а всушност се работи за неверојатен гест кој специјално за неа го направиле нејзините машки пријатели.

Со оглед на тоа што Ребека е студентка по компјутерски инженеринг, воопшто не треба да нѐ изненади фактот што има многу повеќе машки отколку женски пријатели.

„Ние сме заедно од првата година, спиеме едни кај други, учиме заедно, играме игри, гледаме серии, плачеме и се смееме заедно, едноставно ние сме најдобри пријатели“, објаснува Ребека.

Таа ќе додаде и дека во нејзината генерација има околу 60 студени од кои само четири девојки.

„Да имаше повеќе девојки на факултетот, веројатно и приказната ќе беше поинаква. Но, покрај нив, не ми недостасуваат женски пријателки. Со нив сум седум години, па ова беше супер начин да го крунисаме нашето пријателство“, додава невестата.

Ребека вели дека имале неколку недели да се договорат како ќе изгледа фотосесијата и таа да ги наговори да облечат розови наметки кои на крајот им се допаднале.

Сопругот на Ребека веднаш се согласил со идејата, па дури и учествувал во неколку фотографии. Ребека признава дека на почетокот на нивната врска, на него му било чудно што таа има само машки пријатели, но подоцна се навикнал.

Албумот со фотографиите беше објавен на 16 – ти мај, а за само неколку дена има повеќе од 33.000 споделувања.

Погледнете ги фотографиите.

Објавено:
19 мај 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
679 пати