Ателје Кокев во актуелниот свадбен приод за сите идни невести ја објавува најновата мини колекција венчаници за 2015 година, која воедно е увертира за целосната колекција венчаници за следната година. По тој повод дизајнерката Тања Кокев изработи романтичен и бајковит едиторијал исполнет со исто толку впечатливи венчаници.
Водена по потребите на невестите, Кокев од предколекција нуди модели во традиционални и поспецифични кроеви кои ја нагласуваат женската силуетата. Бајковитиот момент кој е главната тема од фотосесијата е застапен и кај фустаните, прикажан преку слоевитоста на нежната тантела, сатенот, корсетите во горниот предел како и впечатливите украсни велови и цветни апликации во косата, кои го заокружуваат целосниот изглед на невестата.
Инаку, едиторијалот е изработен од фотографското дуо Ани и Дими, шминката е на Зоран Шурбевски, фризурите на Студио Ин, додека главната улога на невеста овојпат и припадна на убавата манекенка Симона Игњатовиќ од модното студио Мак Моделс.