Српската дизајнерка Инес Јанковиќ ја лансираше новата колекција венчални фустани за невести кои бараат нешто навистина модерно, а истовремено и магично.

Покрај фантастичните парчиња по кои инаку е позната оваа дизајнерка со адреса во Белград, речиси секогаш успева да ги воодушеви нејзините клиентки со по некоја нова венчаница.

Како што самата дизајнерка ќе каже, истите се наменети за софистицирани, модерни девојки со силен карактер.

„Инспирацијата за оваа колекција доаѓа од поигрувањето на линиите и нишките, кои со своето преплетување создаваат илузија на геометриски форми и силуети, по кои е препознатлива и естетиката на овој бренд. Колекцијата се одликува со употреба на природни, луксузни материјали кои со својата текстура и транспарентност ја нагласуваат илузијата на гламурот и скулптурните убавини на моделот. Чистината и минимализмот послужија како императив при креирањето на колекцијата, додека посебно внимание беше посветено на употребата на линии и нишки како инспирација која не водеше низ кроењето и сечењето на моделите“, вели дизајнерката.

Во нејзината колекција секоја девојка на светот ќе го пронајде омилениот модел, бидејќи има за сите по нешто.

Дизајнерката во истата смести нежни бели комбинезони, куси и долги венчаници, комбинација од долго здолниште и едноставна куса бела блузичка, но и секси фустани со гол грб и тотално романтични фустани за сите нежни девојки. 

Извор: Buro 24/7

Објавено:
14 ноември 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.509 пати